Гаранција и рекламации

Последна измена: 17.11.2026

Гаранција

Сите производи имаат најмалку 2 години гаранција; каде што е подолга, рокот е наведен кај производот.

Гарантниот рок тече од денот на испораката. Гаранцијата не го ограничува вашето законско право на рекламација за несообразност на производот.

Како да поднесете рекламација

  1. Контактирајте нѐ со бројот на нарачката, серискиот број на уредот и краток опис на проблемот.
  2. Ќе ви помогнеме да проверите дали проблемот може да се реши со подесување или ажурирање според упатството на производителот.
  3. Ако е потребна поправка или замена, уредот го доставуваме до овластениот сервис на производителот, односно дистрибутерот, и ве известуваме за рокот за решавање.

Што не покрива гаранцијата

Оштетувања настанати со неправилна монтажа (освен монтажата нарачана кај нас, точка 3 од условите за купување), поврзување или употреба спротивно на упатството на производителот, механички оштетувања, влага кај уреди што не се наменети за тоа и поправки од неовластени лица.

Поплаки

Поплаки за услугата можете да поднесете на info@eshtedi.com. Секоја поплака ја евидентираме и на неа одговараме во писмена форма.