Услови за купување
Последна измена: 19.11.2026
1. Општо
Овие услови важат за купување преку оваа веб-страница. Со испраќање нарачка потврдувате дека сте ги прочитале и дека се согласувате со нив. Условите не ги ограничуваат вашите права како потрошувач според Законот за заштита на потрошувачите.
2. Продавач
Друштво за трговија и услуги ЕН СОЛУШНС ДООЕЛ с.Мирковци Чучер - Сандево, Подружница Е-ШТЕДИ с.Мирковци Чучер-Сандево, подброј 7975457/1, Ул. 3 бр. 31, Мирковци, 1011 Чучер-Сандево, ЕДБ 4085026503426, ЕМБС 7975457, е-пошта info@eshtedi.com, телефон +389 76 444 950.
3. Продажба и монтажа
eShtedi продава уреди за домот. За клима уредите купени кај нас нудиме и монтажа, како посебна услуга што ја избирате при нарачката. Моментално монтираме само во Скопје (општините на Град Скопје). Монтажата ја врши стручен монтер, наш соработник, а за монтажата од нарачката одговараме ние. Цената е по клима, ја гледате пред нарачката и важи за цевка до 3 м меѓу внатрешната и надворешната единица. Подолга цевка и дополнителна работа ги договарате со монтерот пред монтажата и ги плаќате директно нему. Нарачка со монтажа се прима само ако се согласите со условите за монтажа. Ако климата ја купите без монтажа, монтажата и пуштањето во работа ги врши стручно лице според упатството на производителот, а кога тоа го бара закон, лице овластено за таа дејност, што го избирате и ангажирате вие. Повеќе на страницата Монтажа.
Бојлерите и другите уреди не ги монтираме и не ги приклучуваме. Нивната монтажа и приклучувањето на електричната или на водоводната мрежа ги врши стручно лице според упатството на производителот, а кога тоа го бара закон, лице овластено за таа дејност. Изборот и ангажирањето на тоа лице е обврска на купувачот. Сервисирање и одржување на уредите што ги продаваме не вршиме.
4. Производи и информации
Описите и спецификациите се засноваат на документацијата на производителот или добавувачот. Сликите може да бидат илустративни. Во нашите реклами и објави на социјалните мрежи дел од сцените (луѓе, простори и амбиенти) се создадени или обработени со вештачка интелигенција. Производите и нивните карактеристики во нив се прикажани според податоците на производителот. Ако забележите грешка, пишете ни и ќе ја исправиме.
5. Цени
Сите цени се крајни и се во денари (ден.). Условите за достава се прикажани пред потврдата на нарачката. Ако цената се промени додека ја пополнувате нарачката, ќе ве известиме пред да ја потврдите.
6. Нарачка и склучување на договорот
- Ги додавате производите во кошничката, ги внесувате податоците за достава и избирате начин на плаќање.
- Со клик на „Нарачка со обврска за плаќање“ испраќате нарачка со обврска за плаќање на прикажаниот износ.
- Веднаш добивате е-пошта дека нарачката е примена.
- Договорот е склучен кога ќе ја потврдиме нарачката или кога ќе ги испратиме производите.
Ако некој производ не е достапен или рокот би бил подолг од наведениот, ќе ве известиме. Тогаш можете да ја откажете нарачката без трошок, а ако веќе сте платиле, парите ви ги враќаме во целост.
7. Плаќање
Достапните начини на плаќање се прикажани при нарачката. При плаќање при достава износот го плаќате на курирот. Нарачката не се смета за платена додека уплатата не биде потврдена.
8. Достава
Доставуваме само на територијата на Македонија. Роковите и условите се на страницата Достава.
9. Откажување и враќање
Имате право да се откажете од договорот во рок од 14 дена од приемот на производите, без да наведете причина. Постапката е на страницата Враќање и рефундирање.
10. Гаранција и рекламации
Сите производи имаат најмалку 2 години гаранција; каде што е подолга, рокот е наведен кај производот. Постапката е на страницата Гаранција и рекламации.
11. Одговорност
Освен за монтажата нарачана кај нас (точка 3), не одговараме за штета настаната со неправилна монтажа, поврзување или употреба на производите спротивно на упатството на производителот, ниту за монтажа извршена од лица што не се овластени за тоа. Ова не ги ограничува вашите законски права како потрошувач.
12. Лични податоци
Вашите податоци ги обработуваме само за нарачката и согласно политиката за приватност.
13. Трговски марки
eShtedi е независен трговец. Оваа веб-страница не е официјалната страница ниту застапништво на производителите чии производи ги нудиме. Имињата на производите и брендовите и нивните логоа се трговски марки на нивните сопственици и ги користиме само за да ги означиме производите што ги продаваме.
14. Поплаки и спорови
Поплаките испратете ги на info@eshtedi.com; секоја ја евидентираме и одговараме писмено. Спорот ќе се обидеме да го решиме спогодбено. Поплака можете да поднесете и до Државниот пазарен инспекторат. Ако спорот не се реши спогодбено, надлежен е стварно надлежниот суд.
15. Измени на условите
Условите можеме да ги измениме. За секоја нарачка важат условите објавени во моментот на нарачката.