Често поставувани прашања

Калкулатор за климаКалкулатор за прочистувач

Избор на уред

Колку киловати треба да има климата?

Зависи од големината на просторијата, изолацијата, сонцето и од тоа колку е студено зиме. Калкулаторот за клима ги пресметува топлинските загуби зиме и топлината лете за вашата просторија и ја покажува потребната моќност.

Кој прочистувач на воздух ми треба?

Изберете според површината на собата. Секој прочистувач има CADR (колку кубни метри воздух прочистува на час) и препорачана површина. Калкулаторот за прочистувач ги покажува моделите што одговараат на вашата соба.

Клима уреди

Дали климите греат и зиме?

Да. Сите клими во понудата ладат и греат. Моќноста на греење е наведена во спецификациите на секој модел.

Што значи инвертер клима?

Компресорот на инвертер климата ја менува брзината наместо постојано да се вклучува и исклучува. Така температурата е порамномерна, а потрошувачката на струја помала. Сите клими во понудата се инвертер.

Што значат SEER и SCOP?

SEER е сезонска ефикасност при ладење, а SCOP при греење. Поголем број значи помала потрошувачка на струја за иста работа.

Прочистувачи и робот-правосмукалки

Дали се управуваат од телефон?

Да. Сите прочистувачи и робот-правосмукалки во понудата се управуваат и од телефон.

Дали робот-правосмукалките и бришат?

Да. Сите робот-правосмукалки во понудата вшмукуваат и бришат.

Нарачки

Дали морам да отворам профил за да нарачам?

Не. Можете да нарачате како гостин. Профилот е корисен ако сакате да ги гледате претходните нарачки и да ги зачувате податоците за достава.

Како да ја следам нарачката?

Во е-поштата за потврда има врска до статусот на нарачката. Можете да ја користите и страницата „Следење нарачка“ со бројот на нарачката и е-поштата.

Што значи „Цена на барање“?

За тој производ во моментов немаме објавена цена. Испратете барање за понуда преку страницата на производот и ќе ви одговориме со цена и рок на испорака.

Плаќање

Кои начини на плаќање ги нудите?

Во чекорот за нарачка се прикажани само начините на плаќање што во моментот се достапни. Податоците од платежна картичка никогаш не се внесуваат и не се чуваат на нашиот сервер.

Дали цените го вклучуваат ДДВ?

Не. Фирмата засега не е ДДВ обврзник, па на цените не се пресметува ДДВ. Прикажаната цена е крајна, а условите за достава се прикажани пред потврдата на нарачката.

Достава и монтажа

Колку трае испораката?

Рокот на испорака е 3–7 работни дена. Го гледате и пред да ја потврдите нарачката.

Дали цената ја вклучува монтажата?

Не. Монтажата на клима уредите е посебна услуга по избор, моментално само во Скопје. Ја врши стручен монтер, наш соработник. Цената по клима ја гледате кај изборот „Со монтажа“ и важи за цевка до 3 м; подолга цевка и дополнителна работа ги договарате со монтерот пред монтажата. Бојлерите и другите уреди не ги монтираме. Повеќе на страницата Монтажа.

Враќање и гаранција

Можам ли да вратам производ?

Да. Условите и рокот за откажување од договор се опишани на страницата „Враќање и рефундирање“.

Како да пријавам дефект?

Контактирајте нѐ со бројот на нарачката и серискиот број на уредот. Постапката е опишана на страницата „Гаранција и рекламации“.

Не го најдовте одговорот? Пишете ни.