Политика за колачиња

Последна измена: 10.11.2026

Колачињата се мали текстуални датотеки што страницата ги зачувува во вашиот прелистувач. Користиме многу малку колачиња и ниту едно за реклами.

Изборот при првата посета

При првата посета ве прашуваме:

  • Прифаќам: неопходните колачиња и анонимна аналитика;
  • Само неопходни: само колачињата без кои страницата не работи.

Изборот се памти 12 месеци. Можете да го смените во секое време преку „Поставки за колачиња“ во подножјето на страницата.

Неопходни колачиња

КолачеНаменаТраење
so_sessionНајава во кориснички профил30 дена
so_consentВашиот избор за колачиња12 месеци
so_adminНајава во администрацијата (само за вработени)10 часа

Што останува само кај вас

Кошничката, омилените производи, споредбата и последните пребарувања се чуваат само во вашиот прелистувач и не стигнуваат до нас, освен кога ќе нарачате или ако сте најавени.

Аналитика, само ако прифатите

Ако кликнете „Прифаќам“, страницата бележи анонимни настани: која страница е отворена, пребарувања, додавање во кошничка, завршена нарачка и вид на уред (телефон, таблет или компјутер). Не бележиме име, е-пошта ни IP-адреса. Настаните се поврзани само со случаен број што се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Податоците остануваат кај нас: не користиме Google Analytics, Facebook Pixel ни други надворешни алатки за следење.

Ако изберете „Само неопходни“, не собираме никаква аналитика за тоа што разгледувате на страницата.

Колачиња од трети страни

Не користиме колачиња од трети страни.

Бришење

Колачињата можете да ги избришете и преку поставките на вашиот прелистувач. Ако го избришете so_consent, банерот повторно ќе се појави.