За нас

Последна измена: 17.11.2026

eShtedi е онлајн продавница за уреди за домот: клима уреди, проточни бојлери, прочистувачи на воздух и робот-правосмукалки.

Што можете да очекувате од нас

  • Точни информации. Спецификациите ги објавуваме според документацијата на производителот или добавувачот. Кога нешто не е потврдено, тоа јасно го пишуваме.
  • Јасни цени. Цената што ја гледате е крајна, а условите за достава ги гледате пред да ја потврдите нарачката.
  • Совет пред купување. Ако не сте сигурни кој уред ви треба, пишете ни.
  • Поддршка по купувањето. Помош околу нарачката, гаранцијата и враќањето.

Монтажа на клима уреди

За клима уредите купени кај нас нудиме монтажа, моментално само во Скопје. Ја врши стручен монтер, наш соработник. Цената е по клима и важи за цевка до 3 м. Бојлерите и другите уреди само ги продаваме, без монтажа и приклучување. Повеќе на страницата Монтажа.

Важна напомена

eShtedi е независен трговец. Bosch, Skyline, Hisense и Xiaomi се трговски марки на нивните сопственици. Оваа веб-страница не е официјална страница на производителите.

Податоци за компанијата

  • Назив: Друштво за трговија и услуги ЕН СОЛУШНС ДООЕЛ с.Мирковци Чучер - Сандево
  • Седиште: Ул. 3 бр. 31, Мирковци, 1011 Чучер-Сандево
  • Е-пошта: info@eshtedi.com
  • Телефон: +389 76 444 950